Куманово добива нови зелени површини, алпинуми и урбана опрема

51

Во Куманово продолжуваат активностите за уредување зелени површини и создавање функционална зелена инфраструктура, во рамки на прекуграничниот проект „Урбано раззеленување за поздраво дишење“. Проектот е финансиран во соработка со Општина Ќустендил, Република Бугарија, а водечки партнер е токму бугарската општина, со поддршка и од Центарот за развој на Третиот североисточен регион.

– Проектот има за цел да обезбеди одржлива врска помеѓу природните и планираните елементи на зелениот систем во урбаните средини, со што жителите ќе добијат подобар квалитет на воздухот, попријатна урбана средина и можности за екоиновации и одржлив развој – велат од Општина Куманово.

Главни активности на проектот се создавање зелени урбани површини и јавни градини во Ќустендил и Куманово, развој на стратегија и план за зелена инфраструктура, градење капацитети и обука на специјалисти, информативни кампањи за промоција на зелени практики. Проектот ќе се спроведува до 31 декември 2026 година, а Општина Куманово добива приближно 300.000 евра.

Во рамки на проектот во Куманово ќе се изгради зелена површина за управување со дождовницата (зелени улици/дождовни градини) кај спортската сала во Куманово, ќе се создадат два алпинума во средното училиште „Перо Наков“, а ќе се постави и урбана опрема.

– Проектот опфаќа садење на 220 дрвја по должината на двакилометарскиот булевар „Октомвриска револуција“ со поставување клупи и канти за отпад, 137 дрвја по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ со поставување клупи и канти за отпад, поставување зелен ѕид на паркингот на плоштадот „Маршал Тито“ со систем за наводнување капка по капка, хортикултурно уредување, како и засадување на 16 дрва во дворот на техничкото училиште, училиштен дом „Професор Мијалковиќ“ – наведуваат од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ