понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кумановец се обидел да шверцува стари монети, уапсен е на граница

Кумановец се обидел да шверцува стари монети, уапсен е на граница

30

Полицијата вчера на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, го уапси триесет и девегодишниот Ф.С. од Куманово. Кај него при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.

Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

ИЗДВОЕНИ