среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд учесници на младинските европски олимписки игри

Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд учесници на младинските европски олимписки игри

83

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни  велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

ИЗДВОЕНИ