Култната фонтана „Лотос“ во нов сјај

636

Култната фонтана „Лотос“, која се наоѓа на влезот во Градскиот парк, повторно го добива својот сјај. Град Скопје почна целосна реконструкција на фонтаната, која со децении е препознатлив белег и симбол на Скопје, но, за жал, со години беше запуштен.

– Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставуваат нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и за граѓаните – соопштија градските власти.

Тие додаваат дека ова култно катче повторно ќе стане место за средби, прошетки и за споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што заслужува Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ