Со автентичен настап на Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола на 1 јули со гордост и многу емоции беше отворено јубилејното 20. Македонско културно лето во Пустец, Албанија. КУД „Илинден“ заедно со маестро Драган Даутовски и НУ Народен театар – Битола, ја оживеаја културната меморија на Беломорието и Долна Преспа, изведувајќи песни и ора што со генерации се пренесуваат од колено на колено. Во духот на македонската култура и наследство, на сцената беа пренесени звуците на македонската традиција.

Публиката, пак, со бурни аплаузи ја поздрави оваа силна порака на културна поврзаност, истрајност и љубов кон татковината.

Фестивалот, кој слави јубилеј – 20 години, ќе трае 5 дена. Свеченото затворање е предвидено за 5 јули во 14 часот со настап на ансамблот „Преспа“ на сцената во „Остров Мал Град“.

Настанот е со поддршка на Министерството за култура на Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ