Вечерва во НОБ започна најавуваниот ексклузивен концерт на Националниот џез- насловен „Кубанска џез-експлозија“, заедно со светски реномираниот кубански музичар, Ален Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Ла Оркеста“.

Настанот е дел од европската турнеја „Тура во Ла Фиеста“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени во Европа.

Овој концерт е особено значаен  поради тоа што Перез првпат ја изведува својата музика во биг бенд формација, во продукција на Националниот џез оркестар. Специјално за оваа пригода, аранжманите ги создадоа нашиот пијанист Гордан Спасовски и Владимир Ботев.

Како што беше ветено, со спојот на салса, тимба и џез, присутната публика е почесена со вечер исполнета со ритам, страст и со врвна музичка изведба.

 

фото:Вечер Пресс

ИЗДВОЕНИ