петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Куба има нафта за уште 20 дена, Трамп чека бунт, за да...

Куба има нафта за уште 20 дена, Трамп чека бунт, за да постави „прифатлива“ влада

25

Резервите на нафта во Куба би можеле да пресушат за не повеќе од 20 дена, ексклузивно објавува „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на анализата на консултантската компанија „Кеплер“, која по апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, детално го проучуваше влијанието на промените во Латинска Америка врз енергетската инфраструктура на регионот.

Според собраните податоци, Хавана годинава примила една пратка, од само 84.900 барели нафта, која, ако се додаде на резервите, кои се проценуваат на 460.000 барели, нема да биде доволна за период подолг од 15 до 20 дена. Дневната потрошувачка на нафта во Куба во 2025 година изнесувала 37.000 барели.

Честите недостатоци на електрична енергија, на вода за пиење, медицински материјали и храна, драматично ескалираа откако Мексико, кое сега има водечка улога во синџирот на снабдување, под силен притисок од САД, почна да ги откажува договорените испораки на енергија. Ако не најде алтернативни извори на енергија, на Куба ѝ се заканува колапс на економијата. Без гориво, нема да работат термоцентралите, јавниот превоз, индустријата и земјоделството, па ќе мора да се наложи штедење. Тоа, анализира „Јутарњи“, може дополнително да ги разбесни веќе огорчените граѓани, кои со години се борат со прекини на електрична енергија што траат по неколку часа и денови, со ѓубре на улиците, хроничен недостиг на вода за пиење и медицински материјали, расиплива храна и со прекини на интернетот. Неодамнешните репортажи ја опишуваат Хавана како „град на духови“, обвиткан во темнина поради постојаниот недостиг на електрична енергија.

Престижната аналитичка компанија „Тенео“ ја нарекува оваа криза „егзистенцијална“ за режимот. Наведува дека она што следува, веќе не е „само рецесија, инфлација и колапс на туризмот, главната индустрија во земјата“, туку предуслов за сериозен бунт, поради кој деценискиот режим би можел да имплодира без никаква странска интервенција.

Тоа, како што наведува „Волстрит џурнал“, ѝ оди од рака на американската администрација која, охрабрена со отстранувањето на Мадуро, активно настојува уште до крајот на годинава да го урне комунистичкиот режим во Куба, кој опстојува речиси 70 години, за што бара сојузници во кубанската влада. Функционерите на американската администрација дури и не се обидуваат да скријат дека токму тоа е нивниот план. Меѓу редовите на планот на американскиот државен секретар, Марко Рубио, кој е со кубанско потекло, може да се почувствува дека Вашингтон се надева дека ќе го замени комунистичкиот режим со „прифатлива влада“.

 

 

ИЗДВОЕНИ