Истражувачите од Универзитетот во Женева и Лозана откриле дека крвта на стогодишниците содржи 37 протеини, кои тесно се совпаѓаат со профилот на младите луѓе.
Овие протеини, меѓу кои се и оние поврзани со оксидативен стрес, укажуваат на пониско ниво на стрес кај стогодишниците, што се смета за фактор што го забавува стареењето, објави швајцарскиот јавен радиодифузен сервис РТС.
Студијата сугерира дека долговечноста на стогодишниците е поврзана со добро регулирано метаболичко здравје, каде што метаболизмот е оптимизиран, а не преинтензивиран.
Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да отвори нови терапевтски пристапи за борба против стареењето и слабоста кај постарата популација.
Иако генетиката игра улога, истражувачите ја нагласуваат важноста на здравиот начин на живот, вклучувајќи ја правилната исхрана, физичката активност и социјалната интеракција, како клучни фактори за долговечноста.












