Крвопролевање сред бел ден! Три лица убиени, а неколку ранети во пукотница во Гњилане

185

Три лица се убиени, а неколку се ранети во пукотницата што се случи денес во Гњилане, додека осомничениот напаѓач е во бегство, објави Коха.

Болницата во Гњилане објави дека на лице место е потврдена една смрт, а две лица се префрлени во Ургентниот центар без знаци на живот.

Осомничениот за убиствата е Мефаил Шкодра, претходно познат на косовската полиција.

Полиција издала потерница по него за убиствата и побарала помош од граѓаните во потрагата, наведува Коха.

ИЗДВОЕНИ