„Крвавата месечина“ повторно на небото: Пристигнува целосно затемнување!

143
Фото: pexels

Целосно затемнување на Месечината ќе биде видливо во недела, 7 септември, а овој редок настан ќе може да се следи со голо око од 19:30 до 20:52 часот.

Сите фази на затемнувањето ќе бидат видливи од Индија, Кина, централна Русија, Казахстан и Западна Австралија, а нема да бидат видливи од Северна или Јужна Америка.

Според проценките, овој феномен ќе биде видлив за околу 77 проценти од населението на Земјата.

За време на затемнувањето, Месечината поминува низ сенката на Земјата, а до нејзината површина од сончевата бела светлина низ земјината атмосфера минува само црвена боја, па затоа Месечината има бакарно-црвена боја, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.

ИЗДВОЕНИ