Дваесет и тригодишен младоженец почина од повредите добиени откако беше застрелан за време на свадбен прием во северна Турција.
Младенците, Бејзанур Бејазит и Али Карача, биле испраќани дома од гости и роднини по церемонијата кога Карача бил застрелан, наводно од неговата снаа, објави државната новинска агенција Анадолу.
Снаата, 47-годишна жена, била уапсена кратко потоа, а во нејзината градина биле пронајдени два пиштоли, кои ги поседеувала неовластено, објави Дејли Меил.
Giresun’da düğünün ardından rastgele ateş açılması sonucu yaralanan damat Ali Karaca hastanede hayatını kaybetti. pic.twitter.com/HH8H8MDSTj
— Sabah (@sabah) August 27, 2025
Службите за итни случаи брзо се упатиле на местото на трагедијата во селото Турпчу, во округот Себинкарахисар. Али Карача, кој бил тешко повреден, бил однесен во државната болница во Себинкарахисар. Но, и покрај сите напори, им подлегнал на повредите. Обвинителството наредило истрага за инцидентот.
Пукањето за време на свадби е вообичаено во северниот турски регион на Црното Море. Минатата недела, уште еден маж беше убиен, а двајца други беа ранети во пукање за време на предсвадбена забава во североисточната покраина Трабзон.