Крвава драма заврши со двојно убиство и самоубиство во Прилеп

663

Роднина ги уби внукот и неговиот 11 годишен син во куќа во центарот на Прилеп, па се самоуби. Луѓето што живеат во непосредна близина на куќата на убиецот, раскажуваат дека од вчера попладнето кога ги слушнале првите истрели, до моментот кога дошла специјалната полициска единица од Скопје да го неутрализира напаѓачот, живееле во страв и паника, уште повеќе што убиецот во раката држел бомба и се заканувал дека ќе ја активира. Од неофицијалните информации роднината ги викнал жртвите во неговиот дом, по што ги застрелал, а дека нешто „подготвува“ неколку часа претходно најавил на својот фејсбук профил. Мојата сестра и нејзиниот син Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, ноНе играјте си со оние кои што немаат што да изгубат !, напишал П.М.

Полициските информации се дека убиецот ги намамил роднините да дојдат во неговиот дом попладнето околу 15 часот, по расправијата следувал крвавиот пир. Нешто околу 22 часот вечерта пристигнал полицаец кој сфатил дека станува збор за заложничка драма за која исходот сеуште не бил познат, па повикал засилување од Скопје. Уште повеќе што убиецот во раката држел експлозивна направа, а имало сознанија дека има и друго оружје. Специјалната едница Тигар пристигнала во градот по неколку часа со хеликоптре од Скопје. Неуспешен бил обидот да се влезе во домот на убиецот се додека тој сам не си пресудил, самоубивајќи се.

Утринава за настанот кој ја потресе Македонија се огласија од ЈО Прилеп

“Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.”

 

 

 

ИЗДВОЕНИ