Крвава акција на Америка: Повеќе од 60 мртви во Пацификот

562

Соединетите Американски Држави соопштија дека во 13 напади врз бродови во близина на Венецуела и во источниот Пацифик од септември загинале повеќе од 60 лица, по што лидерите, правните експерти и семејствата на загинатите побараа докази за наводен шверц.

Според американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, нападите биле насочени кон бродови за кои се тврди дека транспортираат нелегални дроги, но САД не презентирале докази во поддршка на овие тврдења, објави агенцијата.

Меѓународните организации, вклучително и високи претставници за човекови права на ОН, ги осудија нападите како кршење на меѓународното право и човековите права, додека Венецуела ги опиша нападите како нелегални, нарекувајќи ги „убиство“ и „агресија“.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ја собори неговата влада.

ИЗДВОЕНИ