Крвав злочин во соседството: Дваесет и петгодишник во Бугарија убил тројца членови од своето семејство, само 7-годишниот брат успеал да избега од запалена куќа

70

Во бугарското село Љуљаково, во општина Руан, во југоисточна Бугарија, 25-годишен маж убил тројца членови на своето семејство и ја запалил куќата, додека неговиот седумгодишен брат, иако повреден, успеал да избега, соопштија локалните власти, пренесува „Танјуг“.

Несреќата се случила околу 4:00 часот наутро, објави „Новините“.

Според прелиминарните извештаи, осомничениот ја застрелал својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат.

Момчето, и покрај повредата, успеало да избега од запалената куќа и да ги информира властите, давајќи клучни информации за нападот.

Екипите на полицијата и брзата помош од општина Руан и противпожарната служба Ајтос брзо реагирале.

Тие го изгаснале пожарот и пронашле три јагленисани тела во куќата.

Седумгодишното момче, иако повредено, е хоспитализирано и, според извештаите, не е во животно-загрозувачка состојба.

Наводниот сторител е уапсен во 9:35 часот наутро, по брзи оперативно-истражни мерки спроведени од службеници на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

Окружното обвинителство во Бургас започна прелиминарна истрага за случајот.

Процесните и истражните дејствија се во тек и се спроведуваат под надзор на обвинителството, додека властите се стремат да ги утврдат сите околности на несреќата.

ИЗДВОЕНИ