Крвав пир во училиште во Грац: Поранешен ученик уби девет и рани 28 деца и наставници

736
EPA-EFE/ERWIN SCHERIAU

Нападот се случи околу 10 часот изутрина во училиштето „БОРГ Драјершиценгасе“ во Грац, а го извршил поранешен ученик во тоа училиште. Според информациите што ги даде градоначалничката на Грац Елке Кар, убиени се и ученици и наставник, а напаѓачот се самоубил. Хрватскиот амбасадор во Австрија за „Вечерњи“ изјавил дека меѓу мртвите има две девојчиња од петто одделение, двајца од загинатите биле осмо одделение, а во едно дете било пукано во дворот на училиштето.

Најмалку десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, а бројот на повредени е двоцифрен при напад со огнено оружје во учлилиште во австрискиот град Грац. Според „Кронен цајтунг“ има 28 повредени кои се пренесени во болница, а четири од нив се во критична состојба. Наводно, на некои од жртвите им е пукано во глава.

Нападот се случи околу 10 часот утринава во училиштето „БОРГ Драјершиценгасе“ во Грац, а го извршил поранешен ученик во тоа училиште. Според информациите што ги даде градоначалничката на Грац Елке Кар, убиени се и ученици и наставник, а напаѓачот се самоубил. Хрватскиот амбасадор во Австрија за „Вечерњи“ изјавил дека меѓу мртвите има две девојчиња од петто одделение, двајца од загинатите биле осмо одделение, а во едно дете било пукано во дворот на училиштето.

Некои медиуми објавија дека е можно да имало двајца напаѓачи, но таа информација не е  потврдена.

Напаѓачот отворил оган додека училиштето спроведувало устен испит. Тој наводно верувал дека бил жртва на злоупотреба кога учел таму. Кронен цајтунг јави дека бил пронајден мртов во еден од училишните тоалети, каде што се самоубил, а подоцна таа информација беше официјално потврдена. Се работи за 22-годишен поранешен ученик во средното училиште, кој оружјето го поседувал легално, но таа информација не е потврдена. Тој пукал во две училници, од кои наводно едната била негова поранешна училница. Според „Салцбургер нахтрихтен“ кај него се пронајдени пиштол и сачмарка.

Повредените се пренесуваа со хеликоптери, австриските медиуми јавија дека се екипираат локалните болници, а повредените ученици се прегледуваат и во блиската концертна и изложбена сала, додека итната помош и шок собата во болницата Грац ЛКН биле преоптоварени по пукањето.

Веднаш по настанот низ градот одекнуваа полициски сирени. Полицијата интервенирала откако сведок пријавил дека слушнал дваесетина пукотници во училиштето. Тогаш е подигната тревога и полициските сили поитале кон местото настанот.

-Во 10 часот изутрина дојде полиција и го блокираше влезот во улицата пред ресторанот. Ја затворив вратата од својот ресторан, бев таму со својот готвач. Ова е катастрофа, едноставно страшно. Меѓу другото, се работи за деца. Секогаш постои страв кога децата одат во училиште, и самиот имам три деца, изјавил за „Кронен цајтунг“ Хасан Дарсел, сопственик на ресторан лоциран пред училиштето.

Полицијата долго време го обезбедуваше просторот, а јавноста ја замоли да го избегнува тоа подрачје. На родителите им беше советувано да не ги земаат сами децата од училиштето, туку да почекаат информации од надлежните тела.

На социјалните мрежи се појавија снимки со потресни сцени од пред салата АСКО во Грац-Егенберг, каде е воспоставен центар за итни интервенции и се спојуваат родителите со преживеаните деца. Родителите на учениците плачат, а за нив се грижат тимови за итни интервенции. Има и снимка од училница, на која се слуша пукање.

„Овој ужас не може да се опише со зборови. Австрија стои заедно за да ја поднесе болката заедно“, напиша на социјалните мрежи сојузниот претседател Александер Ван дер Белен.

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер во кратка објава рече дека пукањето во училиштето во Грац е „национална трагедија што длабоко ја потресе целата наша земја“, нарекувајќи го „неразбирлив чин“ на насилство.

Повеќето политички настани во Австрија се откажани.

Пронајдени се два пиштола: Полицијата утврдила дали напаѓачот од Грац дејствувал сам!

ИЗДВОЕНИ