Крвав напад во Ерусалим: Пет лица се убиени, а 11 се ранети при пукање во автобус

165

Најмалку пет лица се убиени, а 11 ранети во пукотница на влезот во Ерусалим, при што израелските безбедносни сили убија двајца напаѓачи.

Меѓу загинатите има маж на возраст од 50 години и тројца мажи на возраст од 30 години, соопшти израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (MDA), додавајќи дека пет лица се однесени во болница со сериозни прострелни рани.

Нападот се случил околу 10:13 часот по локално време кога напаѓачите влегле во автобус заглавен во сообраќај и почнале да пукаат кон патниците, објави „Џерусалем пост“.

Повредените наводно биле однесени во блиските болници, а директорот на болницата MDA рекол дека најмалку 11 лица се повредени.

Израелската армија убила двајца напаѓачи на лице место, а се претпоставува дека станува збор за терористички напад, пишува „Тајмс оф Израел“.

 

ИЗДВОЕНИ