Крв во Газа и покрај примирјето: Израелски дронови убија цивили 

65

Четири палестински цивили беа убиени во израелски воздушен напад источно од градот Газа, и покрај тоа што договорот за прекин на огнот е на сила петти ден по ред, објави Vafa утрово.

Медицински извор рече дека четирите лица биле убиени кога израелски беспилотни летала пукале врз жителите кои ги проверувале своите домови во населбата Шуџаја источно од градот Газа.

The Times of Israel објави дека тројца Палестинци наводно биле убиени во напад на ИДФ откако „очигледно се приближиле до војниците во градот Газа“. Според воен извор, тројцата осомничени се приближиле до војниците што дејствувале во областа. Војниците прво испукале предупредувачки истрели, а додека осомничените продолжиле да се приближуваат, биле гаѓани од авиони.

Израелските одбранбени сили постојано ги предупредуваа Палестинците да не се приближуваат до областите во Газа под израелска воена контрола за време на прекинот на огнот, наведува порталот.

ИЗДВОЕНИ