Вистинска драма се случила на летот на „Рајанер“ од Загреб до Малме, Шведска, пред слетувањето. Како што пишува порталот „Афтонбладет“, дошло до жестока тепачка меѓу двајца мажи кои „се тепале до крв“.

„Непосредно пред слетувањето, светлата се изгаснаа. Одеднаш, двајца мажи почнаа жестоко да се тепаат. Се тепаа и паѓаа врз другите патници“, изјави една патничка за шведските медиуми.

Во кабината владееше целосен хаос.

„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето беа во паника и се обидуваа да трчаат кон задниот дел од авионот за засолниште. Имаше крв насекаде.“

Една патничка опиша како лицето пред неа било целосно покриено со крв.

„Беше застрашувачки. Тепачката се одвиваше веднаш до мене и мајка ми. Сè уште се тресам“, рече таа.

По слетувањето, обезбедувањето веднаш влегло во авионот за да ги совлада насилните патници.

„Имавме мала полициска интервенција на аеродромот Малме во текот на вечерта. Ова не влијаеше на работењето на аеродромот. Бидејќи ова е полициско прашање, ве молиме контактирајте ја полицијата за повеќе информации во врска со инцидентот“, напиша Давид Карлсон, раководител на комуникациите во Шведската државната компанија што управува со аеродромите во Шведска.

Двајцата насилници се шведски државјани, а едниот од нив добил пријава за напад.

ИЗДВОЕНИ