понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Крушево ќе „светне“ на 20 декември

Крушево ќе „светне“ на 20 декември

45

На 20 декември, во 18 часот, Крушево ќе го започне одбележувањето на новогодишните и на божиќните празници. Здружението „Културен манифест“, со поддршка на Општина Крушево, неформална група граѓани, Локален младински совет и на многу компании, го организираат т. н. „Празничен шепот на крушевската чаршија“.

Настанот започнува со музичко-сценска изведба во 18 часот, по што ќе следува осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Забавата ќе ја „покрие“ „Балкан Џем“.

Она што е уникатно за овој настан е тоа што иницијативата доаѓа од поединци и од неформална група граѓани, со цел да се збогати понудата на Крушево за овој период од годината. Организаторите досега успеаја да привлечат голема поддршка од многу бизниси и општината.

Настанот ќе содржи богата програма и ќе трае сè до 6 јануари, 2026 година.

 

 

ИЗДВОЕНИ