
Легендарниот германски фудбалер, Тони Крос, најголемиот дел од кариерата го мина во Реал (М), а интересно е што избра играч кој никогаш нема да потпише за „кралскиот клуб“ и тоа како најдобар играч од средниот ред во светот во моментов.
И додека многумина остануваат сочувствителни на поранешните соиграчи и поранешни клубови при изборот на најдобрите, Германецот отсекогаш бил отворен и објективен.
Така, тој го избра Педри од Барселона за најдобар играч за врска, млад фудбалер кој наскоро ќе стане новата икона на Каталонците.
„Педри во моментов е најдобар на таа позиција според мене“, изјави Крос и продолжи:
„Педри, генерално, е играч што ќе недостига кога не игра, без разлика против кого игра. Тој не постигнува само голови, не само асистира. Тој ви дава решенија. Гледав што прави Педри оваа сезона и само во Лигата на шампионите. Во Ла Лига е уште поекстремно, тој ги надигрува противниците 59 пати по натпревар. Ги надмудри одбранбените играчи 11,12 пати по натпревар, што е најтешко за еден играч од средниот ред. Тој е најдобар. И ако ви недостасува таков играч, ќе забележите. За мене играч како Педри е поважен од Ламине Јамал, Рафиња или Роберт Левандовски“, додаде Германецот.
Каталонците се во одлична позиција да ја освојат тројната круна на крајот од сезоната, откако веќе го освоија Купот на кралот, а истовремено се лидери во Ла Лига.
Пред неколку дена Барселона беше елиминирана од Интер во полуфиналето од Лигата на шампиони, но четата на Ханси Флик има реални шанси сезоната да ја заврши со три трофеии.