Оваа година многу луѓе кои се греат на пелети чекаа до последен момент за да набават ваков вид огрев, па затоа има голема навала. Како резултат на тоа, многу магацини останаа без пелети, а на тоа, покрај огромната побарувачка, влијаеше и тоа што трговците со пелети не можат да ги набават од традиционалните увозни пазари, како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Причината е, како што ни изјавија од поголемите увозници на пелети, што непроменетата цена на пелетите во изминативе две години доведе многу од фабриките во Србија, Црна Гора и БиХ да работат со загуба и да се затворат.
Во Македонија има само една голема фабрика за пелети, во кумановско Ранковце, но има и неколку помали производители, но не можат да ја задоволат побарувачката. Оттаму велат дека ако не се вклучи увозот, ќе бидат присилени да ги снабдат само своите редовни муштерии, за другите ќе нема. Велат дека поради растот на цените на суровините кои, исто така, се од увоз, расте и цената на производот. Ако лани и преклани вреќа со пелети од 15 килограми чинеше 245 до 260 денари, оваа година цената порасна и во моментов чини 330 денари и постојано ќе расте

Октомври во Македонија, но и во регионот, донесе и постудено време, што ги принуди многу домаќинства да почнат да ги загреваат своите домови. А со падот на температурата се намалуваат и резервите на пелети во магацините. Оттаму за весникот ВЕЧЕР информираат дека ненадејната побарувачка, проследена со зголемување на цените, немањето на овој енергенс од увоз и недостапност до суровини, доведе до привремен недостиг на пазарот на пелети.
Оваа година, многу луѓе кои се греат на пелети чекаа до последен момент за да набават ваков вид огрев, па затоа има голема навала. Како резултат на тоа, многу магацини останаа без пелети, а на тоа, покрај огромната побарувачка, влијаеше и тоа што трговците со пелети не можат да го набават од традиционалните увозни пазари, како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Причината е, како што ни изјавија од поголемите увозници на пелети, тоа што непроменетата цена на пелетите во изминативе две години доведе многу од фабриките во Србија, Црна Гора и БиХ да работат со загуба и да се затворат.
Граѓаните се жалат дека секаде бараат да купат пелети, но нема.
– Секоја година во септември набавувавме пелети, но овој пат немаше. Во поголемите центри каде што се продаваат пелети ни кажаа дека тие што ги имаат во резерви се порачани уште во мај, и дека чекаат муштериите да ги подигнат. Во моментов нема пелети и очекуваат да бидат по повисока цена – вели скопјанец кој својот дом го затоплува комбинирано – со инвертер клима и со пелети (особено во декември и јануари) кога температурата е пониска.
Од „Пелет центар“ велат дека побарувачката за пелети е огромна и имаат по повеќе од 250 повици на ден, но не можат да ги опслужат сите што бараат да купат.
Во Македонија има само една голема фабрика за пелети, во кумановско Ранковце, има и неколку помали производители, но не можат да ја задоволат побарувачката. Оттаму велат дека ако не се вклучи увозот, ќе бидат присилени да ги снабдат само своите редовни муштерии, за другите ќе нема. Велат дека поради растот на цените на суровините кои, исто така, се од увоз, расте и цената на производот. Ако лани и преклани вреќа со пелети од 15 килограми чинеше 245 до 260 денари, оваа година цената порасна и во моментов чини 330 денари и постојано ќе расте.
– Суровини за производство на пелети набавуваме од Бугарија, но и таму нè уценуваат и ја качуваат цената. Ќе работиме додека имаме суровини, кога ќе снемаме и ние ќе ставиме клуч на врата – ни рече еден производител на пелети.
Ситуацијата е слична и во соседна Србија. За недостатокот на пелети, некои го обвинуваат лошото време, а други „Србија шуме“. Тамошни преработувачи на дрво велат дека побарувачката одеднаш многу скокналa, а фабриките не се во можност одеднаш да пуштат на пазарот толкави количини колку што се бараат.
– Не знам што точно се случи, минатата година имаше значително помала побарувачка и луѓето купуваа пелети порано, сега претпоставувам дека сите чекаа последен момент. Сепак, пелети ќе има, само треба трпение тие количини да излезат од производство. По 15 камиони пелети излегуваат од нашата фабрика секој ден, испорачуваме секој ден, но побарувачката е толку голема што е физички невозможно да се пласираат толку многу количини одеднаш – вели еден производител.
И тој се пожали дека нема доволно суровини за производство.
– Врнежите и лошите временски услови го отежнуваше донесувањето суровини од шумата, а влијае и на производителите на пелети. Кога времето ќе стане поубаво така и испораките ќе се зголемуваат – нагласува тој.
Иако повеќето од домаќинствата се имаат снабдено со огревно дрво, од складовите и трговците со огревно дрво велат дека интересот е добар и има доволно количини. Цената се движи од 4.200 денари до 4.500 денари за кубен метар за буката и од 4.400 до 4.500 за кубик даб. Во цената е вклучено и доставување. Продажбата која се реализира преку ЈП „Национални шуми“ во складовите е по ценовникот од ноември 2024 година кој уште е во сила. Според него, цената на даб чини 3.864 денари за кубен метар, буката изнесува 3.744 денари за м3, за јасенот 3.504 денари, за тополата 3.384, за елката 2.460, за борот 2.460 денари, за моликата 2.460 денари, кубик огревно дрво од костен чини 3.840, а од багрем 3.864 денари.
(С. Бл.)












