Недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина, според извештајот на Европскиот ревизорски суд ревизори објавен во среда.
И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, ќе бидат привремено недостапни.
Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Од јануари 2022 до октомври 2024 година, земјите-членки имаа критичен недостиг од 136 лекови, се наведува во извештајот.
Клаус-Хајнер Лене од Европскиот ревизорски суд повика на ефикасно решение за проблемот.
Тој предупреди дека Европската Унија е целосно зависна од Азија за вообичаени лекови против болки како што се парацетамол и ибупрофен. Една од главните причини за недостигот на лекови се слабите ланци на снабдување, според ревизорите со седиште во Луксембург.
Дополнително, внатрешниот пазар на лекови во Европа е фрагментиран, а слободната трговија е ограничена.
Европската комисија, која е одговорна за законските предлози во ЕУ, се согласува со повикот на ревизорите за посилна европска рамка.
Комисијата изрази надеж дека земјите-членки и Европскиот парламент наскоро ќе го усвојат предложениот закон за решавање на проблемот со недостигот на лекови, пренесува Феникс магазин.