Криволовци го застрелале пријателот, ќе одговараат за убиство од небрежност

593

11 компањони од околината на Конче случајно го застрелале 12 член од групата која тргнала во кривилов во атарот на селото Габревци. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за убиство од небрежност, ама и за незаконит лов и поседување на оружје без дозвола.Настанот се случил во понеделникот кога групата криволовци тргнале да стрелаат дивеч без да поседуваат дневни дозволи.

-За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири”, атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П, соопштија од полицијата

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На криволовците им биле одземени ловечките пушки и муницијата и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ