четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривична против службеник од Куманово, oвозможил незаконска приватизација на државно земјиште

Кривична против службеник од Куманово, oвозможил незаконска приватизација на државно земјиште

67

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на Д.Б. и Н.А.А., при што со своето постапување директно ја нарушил законитоста на управната постапка и овозможил стекнување на државен имот без правен основ. Во предметите е утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, односно решенијата се издадени на лица различни од заведени во службените книги. Воедно, предметите не биле правилно евидентирани, содржеле контрадикторни податоци, а дел од документацијата не била достапна со што се создава сомнение за нејзино прикривање или уништување.

Во решенијата се наведени непостоечки записници, внесувани се невистинити податоци, а не е известено ниту државното правобранителство, што е задолжително. Притоа, со ваквото постапување е нарушена законитоста на управната постапка и овозможено е противправно стекнување на државен имот.

ИЗДВОЕНИ