СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.
Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење.
На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.