Две лица од источниот регион добија кривични пријави поради сомнение дека сториле кривично дело „вонбрачен живот со дете“, казниво по Кривичниот законик.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот е М.А. (20) од селото Дорфулија, општина Лозово, кој во периодот од јануари до април годинава, во својата семејна куќа, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка.
Дополнително, поднесена е пријава и против П.Б. (36) од село Банско, струмичко – татко на малолетното девојче.
Според наводите од полицијата, тој не само што не презел ништо да ја спречи врската на неговата ќерка со значително постар маж, туку и ја одобрил и прифатил таа заедница.