СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против управител на правно лице Д.К.(30) од Скопје и против правното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, информираат од МВР.
Првопријавениот, како одговорно лице во пријавеното правно лице, по добивање на решение од 27.05.2024 од Министерството за здравство за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротивно на одредбите од чл. 26-б од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, а при тоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис, се наведува во соопштението.