Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга

30

Струшката полиција поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за спречување и напад на полициски службеници при вршење службени дејствија, соопшти денеска СВР Охрид.

Кривичните дела ги сториле на 19 април годинава на фудбалски натпревар во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.

– ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Лицата, тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга.

ИЗДВОЕНИ