Критики од сите страни за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД! Бајру: Тажен ден за Европа

86

Францускиот премиер Франсоа Бајру денес им се придружи на растечкиот број министри во критиките за трговскиот договор постигнат меѓу претседателката на Европската унија Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот, велејќи дека тоа е тажен ден за Европа.

„Тажен ден е кога сојуз на слободни народи, собрани да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, се помирува со потчинувањето“, напиша Бајру на платформата X, објави France 24.

Овој договор беше критикуван и од други француски министри, вклучувајќи го министерот за европски прашања и министерот за индустрија.

„Трговскиот договор што го договори Европската комисија со Соединетите Американски Држави ќе донесе привремена стабилност на економските актери загрозени од ескалацијата на американските тарифи, но е неурамнотежен“, напиша францускиот министер за европски прашања Бенџамин Хадад на X.

ИЗДВОЕНИ