Силни невремиња го погодија островот Крит, предизвикаа поплави и ги принудија надлежните служби да спасуваат десетици луѓе од возила и домови.
Осум работници останаа заробени во клисурата Самарија во западниот дел на Крит – една од најпопуларните туристички атракции на островот – откако надојдените води ја поплавија патеката, објави информативниот портал „Катимерини“.
Тие се заглавени на околу седум километри од влезот на клисурата, која е долга 13 километри.
View this post on Instagram












