сабота, октомври 3, 2026
Дома БАЛКАН Крит на удар на силни невремиња: Oсуммина заглавени во клисура, водата носи...

Крит на удар на силни невремиња: Oсуммина заглавени во клисура, водата носи сѐ пред себе/ВИДЕО

93
EPA/NIKOS CHALKIADAKIS

Силни невремиња го погодија островот Крит, предизвикаа поплави и ги принудија надлежните служби да спасуваат десетици луѓе од возила и домови.

Осум работници останаа заробени во клисурата Самарија во западниот дел на Крит – една од најпопуларните туристички атракции на островот – откако надојдените води ја поплавија патеката, објави информативниот портал „Катимерини“.

Тие се заглавени на околу седум километри од влезот на клисурата, која е долга 13 километри.

ИЗДВОЕНИ