Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто, и преведувачот Роли Гроу се годинашните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик.
Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на избрани дела на нашиот поет Ацо Шопов.
Наградата на лауреатите им е врачена во рамки на 12. Македонско-северноамериканска конференција за македонистика што се одржа во Охрид во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.