Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане на лудиот камен. Во едно интервју, славниот фудбалер се осврна на романтичната понуда што ѝ ја даде на својата избраничка и ги откри причините за долгото чекање за свадбата, како и датумот кога двајцата ќе го кажат своето судбоносно „да“.

  • Ќе се венчаме по Светското првенство во 2026 година. И се надевам дека ќе дојдам на мојата свадба со шампионскиот трофеј, му рече тој со насмевка на Пирс Морган.

Роналдо и Џорџина се свршија во август оваа година, кога веста ја објавија сите светски медиуми, а сега тој објасни како се случило сето тоа.

  • Добрите работи се случуваат природно. Фудбал, живот, можности, брак… Сето тоа доаѓа кога е вистинското, рече тој, јасно ставајќи до знаење дека не планирал да ѝ предложи брак токму во тој момент и на тој начин, туку дека сè било навистина спонтано.

ИЗДВОЕНИ