Тимот на Астон Мартин во Формула 1 наскоро би можел да доживее уште една промена на врвот, а најновите информации од Англија укажуваат дека Енди Кауел е на работ да ја загуби својата позиција како извршен директор и шеф на тимот. Причина за тоа се несогласувањето со Адриан Њуи, техничкиот гениј што работи на болидот на Астон Мартин за следната сезона.
Во исто време, Кристијан Хорнер повторно се појавува на мапата на Формула 1.
Поранешниот шеф на тимот на Ред бул, кој беше отпуштен по Големата награда на Велика Британија и доби испратнина во вредност од дури 52 милиони фунти, наводно бара лидерска позиција во Астон Мартин, па дури и удел во тимот.
Но, Хорнер не е единствениот кандидат. Лоренс Строл, според изворите, контактирал и со поранешниот шеф на Мекларен, Андреас Зајдл, како и со Матија Биното, кој моментално го води Ф1-проектот на Ауди.











