Пејачот Крис Мартин нема намера да ја отстрани „камерата за бакнување“ (kiss cam) на концертите на Колдплеј и покрај инцидентот со виралната прељуба, пишува Page Six.
Иако „камерата за бакнување“ го фати поранешниот извршен директор на Астрономер, Енди Бајрон, во страсна прегратка со својата колешка, Кристин Кабот, Мартин нема намера да ја отстрани поради виралниот момент што се случи на концертот на Колдплеј.
„Ја користиме долго време, а дури неодамна стана… да, ова. Ако животот ви фрла лимони, вие направете лимонада. Значи, ќе продолжиме да го правиме тоа затоа што сакаме да запознаеме некои од вас“, им кажа пејачот на публиката.
Додека комуницираше со публиката, Мартин прочита и неколку транспаренти, вклучувајќи еден од обожавател кој присуствуваше на концертот „три пати за три месеци“.
„Беше на оној настап во Бостон. Значи, во ред, благодарам што се врати по тој дебакл“, додаде тој.