Крипто-бизнисмен загина на автопат во Русија: Изгубил контрола врз ламборџинито, луксузниот автомобил се превртел и се запалил/ФОТО/ВИДЕО

74

Во Москва, 35-годишниот крипто бизнисмен Алексеј Долгих загина во несреќа со Ламборџини на меѓународен автопат.

Според канцеларијата на московското обвинителство, несреќата се случила ноќе: Ламборџинито удрило во пречка, а инспекторатот објаснил дека возачот ја изгубил контролата, по што возилото се превртело и изгорело.

Вкупно, две лица загинале, вклучувајќи го и Долгих, а две се повредени во несреќата.

Околностите на инцидентот во моментов се утврдуваат и во тек е увид.

ИЗДВОЕНИ