вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Кремљ тврди дека нема застој во мировните преговори во Украина 

Кремљ тврди дека нема застој во мировните преговори во Украина 

198
Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија не верува дека мировните преговори во Украина се заглавени и покрај коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за рускиот претседател Владимир Путин и дополнителните испораки на американско оружје во Киев. Трамп пред неколку дена изјави дека не е задоволен од Путин и го обвини дека „исфрла многу глупости“, пренесува „Бета“.

САД испорачуваат артилериски гранати и ракети за рачни лансери во Украина, изјавија двајца американски функционери за „Ројтерс“.

Русија, рече Песков, чека сигнал од Киев дали ќе учествува во третата рунда разговори.

„Постојано повторувавме дека би било подобро за нас да ги постигнеме нашите цели преку мирни политички и дипломатски средства, но додека тоа не се случи, специјалната воена операција продолжува, а реалноста на терен се менува секој ден“, рече Песков.

ИЗДВОЕНИ