Кремљ реагира на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа

13
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ ги критикуваше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз е отворен за распоредување нуклеарни воени авиони во други европски земји, велејќи дека тоа нема да ја зголеми безбедноста на континентот.

„Американците имаат бомби во авиони во Белгија, Германија, Италија, Турција“, изјави Макрон за француската телевизиска станица ТФ1 во вторник.

„Подготвени сме да ја отвориме таа дискусија. Ќе ја дефинирам рамката на многу специфичен начин во наредните недели и месеци“, рече тој.

„Ширењето на нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ја зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста на европскиот континент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

„Во моментов, целиот систем на стратешка стабилност и безбедност е во жална состојба од очигледни причини“, рече Песков.

Макрон првпат во март наговести за идејата за проширување на заштитата на нуклеарниот арсенал на Франција на други европски земји.

ИЗДВОЕНИ