Кремљ: Ракетниот штит е суверена работа на САД, но за тоа се неопходни контакти со Москва

146

Русија денеска објави дека желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да изгради „противракетен штит“ за САД е прашање на суверенитетот на неговата земја, но дека контактите со Москва за тоа се исто така „неопходни“.

„Ова е прашање што влијае на американскиот суверенитет. Доколку САД веруваат дека постои закана од балистички ракети, тогаш, секако, ќе развијат антиракетен штит,“ изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Песков укажа дека, „во блиска иднина, текот на настаните ќе бара обновување на контактите со цел враќање на стратешката стабилност меѓу Вашингтон и Москва“.

„Овие контакти за стратешка паритет меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот мора да бидат обновени во интерес на нашите две земји и во интерес на глобалната безбедност“, додаде Песков.

Изјавата претставува неочекувано омекнување на руската позиција, бидејќи во минатото Москва беше поостро критична кон проектот „Златна купола“ на Трамп, потсетуваат француските медиуми.

ИЗДВОЕНИ