Кремљ подготвува делегација за преговори со Украина: Кој ќе оди ќе соопштат „кога Путин ќе каже“

37
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

„Подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул продолжуваат“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на брифинг за медиумите, јави ТАСС.

„Руската страна продолжува да се подготвува за разговорите што треба да се одржат во четврток“, рече тој.

Кога станува збор за имиња, Песков им рече на новинарите дека имињата на руските претставници на претстојните разговори со Украина на 15 мај во Истанбул ќе бидат објавени штом рускиот претседател Владимир Путин ќе смета дека е потребно.

„Не“, рече портпаролот, одговарајќи на прашањето дали може да ги именува оние што ќе ја претставуваат Русија.

„Штом претседателот ќе смета дека е потребно, ние ќе го објавиме тоа“, увери Песков, пренесува ТАСС.

Претходно, Путин, разговарајќи со новинарите во Кремљ ноќта на 11 мај, ги повика властите во Киев да ги продолжат директните преговори без предуслови, кои ги прекинаа во 2022 година.

Тој предложи дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.

Од своја страна, Володимир Зеленски ја објави својата намера да пристигне во турската престолнина во четврток.

Оваа изјава дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина веднаш да се согласи на преговорите предложени од Путин.

Пред тоа, Зеленски ги услови преговорите со Москва со воведување 30-дневен прекин на огнот.

ИЗДВОЕНИ