Конфликтот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги постигне целите поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Секако, би сакале овој конфликт да заврши што е можно поскоро, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично ги постави. Би претпочитале да го решиме овој конфликт преку политички и дипломатски средства. Ова постојано го повторуваме, а руската страна останува отворена за овој пат“, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости.
Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и дека ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина.












