Кремљ официјално одговори на ултиматумот на Трамп

369
EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Кремљ ги забележа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за скратување на рокот за решавање на конфликтот во Украина и дека тој не е заинтересиран за комуникација на највисоко ниво, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг со новинарите, објави руската новинска агенција Тасс.

„Ја забележавме изјавата што претседателот Трамп ја даде вчера“, рече Песков како одговор на новинарско прашање, додавајќи дека „не би сакал да коментира“ за изјавата на американскиот претседател.

Трамп претходно објави рок од 50 дена за постигнување договор меѓу Русија и Украина и се закани дека ќе воведе 100 проценти царини за Москва и нејзините трговски партнери доколку не се постигне договор.

Сепак, американскиот претседател во понеделник изјави дека е многу разочаран од Русија и напредокот во напорите за наоѓање решение, поради што го скратува рокот на 10 до 12 дена. Покрај тоа, Трамп рече дека повеќе не е заинтересиран за разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, тој не објасни за каков вид комуникација мислел.

ИЗДВОЕНИ