Кремљ: Нема санкции што би ја принудиле Русија да го промени курсот во војната

162

Кремљ соопшти дека нема санкции што би можеле да ја принудат Русија да го промени курсот во војната против Украина, тврдејќи дека западните санкции досега немале никаков ефект.

Ова беше објавено од Москва кратко откако САД и Европската Унија сигнализираа дополнителни економски санкции против Русија, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека санкциите што ги воведоа западните земји против Русија во текот на изминатите четири години немале никаков ефект врз таа земја, пренесува Тасс.

„Генерално, веројатно може да се каже едно: овој невиден број санкции воведени против нашата земја во текот на изминатите четири години немале никаков ефект“, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин во коментар на Телеграм каналот „Јунасев во живо“.

Западот воведе десетици илјади санкции против Русија за време на три и полгодишната војна во Украина и по руската анексија на Крим во 2014 година, во обид да ја загрози руската економија и да ја поткопа поддршката за Путин.

ИЗДВОЕНИ