
Кремљ соопшти дека нема руски претставници во Турција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде во Анкара во обид да ги оживее мировните напори за ставање крај на конфликтот во Украина, пренесе „Бета“.
„Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Зеленски рече дека утре ќе отпатува во Турција за да се обиде да ги „оживее“ мировните преговори и да ја продолжи размената на затвореници со Русија.
„Утре ќе одржам состаноци во Турција. Се подготвуваме да ги оживееме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател не прецизираше со кои функционери планира да се сретне.











