Кремљ денес изјави дека идејата дека Украина може да врати територија, како што вчера предложи американскиот претседател Доналд Трамп, е „погрешна“, пренесе „Бета“.
„Идејата дека Украина може да врати нешто е, според нас, погрешна теза“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на САД вчера изјави дека Киев може „да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма, а можеби дури и да оди подалеку против Русија“.