Кремљ го намалува значењето на можната средба Путин-Зеленски

128
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Кога Доналд Трамп упати нова покана до Владимир Путин и Володимир Зеленски да се сретнат за да разговараат за прекинување на војната во Украина, Кремљ го намали значењето на можната средба меѓу двајцата лидери.

Идејата за билатерална средба се појави откако американскиот претседател се сретна со Путин во Алјаска минатата недела, а потоа беше домаќин на седум европски лидери и на Зеленски во Белата куќа.

Трамп призна дека конфликтот е „тежок“ за решавање и посочи дека рускиот претседател можеби не е заинтересиран за прекинување на непријателствата.

„Ќе дознаеме што мисли Путин во следните неколку недели.“

„Можно е тој да не сака да склучи договор“, рече тој во вторникот.

Трамп додаде дека Путин ќе се соочи со „тешка ситуација“ ако се случи тоа, без да даде никакви детали.

Во интервју со конзервативниот радио водител Марк Левин, тој рече дека „би било подобро“ ако Путин и Зеленски се сретнат без него.

Тој ќе присуствува на состанок со двајцата лидери „доколку е потребно“, но сака „да види што ќе се случи“, додаде тој.

Рускиот претседател му рече на Трамп дека е „отворен“ за идејата за директни разговори со Украина, но следниот ден министерот за надворешни работи Сергеј Лавров го омекна тоа веќе нејасно тврдење.

Секој состанок ќе мора да се подготвува „постепено, почнувајќи на експертско ниво, а потоа преку сите потребни чекори“, рече тој, повторувајќи го ставот на Кремљ.

„Никој не ја исклучил можноста за директни разговори, „но тоа не треба да биде состанок заради состанок“, изјави за Би-Би-Си Дмитриј Пољански, заменик-претставник на Русија во ОН.

Во вторник беше објавено дека Путин му предложил на Трамп Зеленски да отпатува во Москва на разговори, потег што Украина веројатно никогаш нема да го прифати.

Ова можеби бил начинот на Русија да предложи опција што била толку „далеку од реалноста“ што Киев никогаш не би можел да се согласи со неа.

ИЗДВОЕНИ