сабота, јануари 24, 2026
Дома СВЕТ Кремљ: Европскиот контрапредлог на американскиот план не е прифатлив за Москва

Кремљ: Европскиот контрапредлог на американскиот план не е прифатлив за Москва

183

Европскиот контрапредлог на американскиот план од 28 точки за мир во Украина е „целосно неконструктивен и неприфатлив“ за Москва, соопшти денес Кремљ.

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека аспектите на американскиот план, предложен минатата недела, се повеќе по вкус на Русија, иако некои прашања бараат подетални дискусии, објави „Ројтерс“.

„Не сите, но многу одредби од планот ни изгледаат сосема прифатливи“, изјави Ушаков пред новинарите во Москва за американскиот план.

„Што се однесува до плановите што се шират – утрово дознавме за европскиот план, кој, на прв поглед, е целосно неконструктивен и не ни одговара“, рече Ушаков.

ИЗДВОЕНИ