Техеран и Москва предупредија денеска против мешањето на САД во конфликтот во Иран, нагласувајќи дека тоа може да доведе до опасна ескалација.
Иранскиот заменик министер за надворешни работи ги предупреди САД да не интервенираат за да го поддржат својот сојузник Израел во неговата војна против Иран, додавајќи дека неговата земја е подготвена да се брани во случај на ескалација.
„Ако САД сакаат активно да интервенираат за поддршка на ционистичкиот режим, Иран ќе мора да ги искористи своите алатки за да им одржи лекција на агресорите и да ги брани својата национална безбедност и интереси“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, пренесе државната телевизија.
„Се разбира, нашите воени носители на одлуки ги имаат отворени сите потребни опции“, додаде тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американската интервенција во конфликтот ќе означи „ужасна спирала на ескалација“, пренесе Интерфакс.
Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп ги одобрил плановите за напад на Иран, но се’ уште не донел конечна одлука.
Во средата, на прашањето на новинарите за американското учество, Трамп рече: „Можеби ќе го сторам тоа, можеби нема“.