Русија би ја поддржала номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во овој момент, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Мислам дека би ја поддржале сега, доколку не прашаат“, изјави Ушаков пред новинарот на весникот „Лајф“, Александар Јунашев, како одговор на прашање за тоа, објави РИА Новости.
Во септември, камбоџанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Прак Сохон, објави на Генералното собрание на ОН дека неговата земја го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир за постигнување прекин на огнот во граничниот конфликт со Тајланд.