Кремљ би ја поддржал номинацијата на Трамп за Нобелова награда

105
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Русија би ја поддржала номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во овој момент, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Мислам дека би ја поддржале сега, доколку не прашаат“, изјави Ушаков пред новинарот на весникот „Лајф“, Александар Јунашев, како одговор на прашање за тоа, објави РИА Новости.

Во септември, камбоџанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Прак Сохон, објави на Генералното собрание на ОН дека неговата земја го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир за постигнување прекин на огнот во граничниот конфликт со Тајланд.

Зошто американскиот претседател не може да го добие најпрестижното признание? Со еден куп номинации, Нобеловата награда за мир му се лизна на Трамп од рацете

ИЗДВОЕНИ